Семинар 25.06.2020 ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

„Онлајн“-обука 10:00 – 13:00 часот


   

Живееме во време на пандемија. Таа го смени начинот на функционирање на сите луѓе,  вклучувајќи ги и клиентите, вработените и менаџерите. Стресот, стравот и несигурноста се присутни во професионалниот и приватниот живот. Предизвик за секој менаџер е да успее да остане фокусиран, да се соочи со промените на пазарот и да успее да го води бизнисот кон пребродување на кризата, остварување на своите цели и градење на нови успеси. Клучно за тоа е менување на типот на лидерсто, зацврстување на тимската работа.

Во новонастанатата ситуација емоционално интелигентното лидерство е клучно за да си помогнеме и на себе и на вработените и на тимот. А,  секако и да останеме поврзани со клиентите и да продолжиме со соработка. 

За кого е наменета „онлајн“-обуката?

Обуката е наменета за сите заинтересирани вработени во самите организациии, со акцент на директорите, менаџерите, раководителите и стручните лица во секторите кои раководат со тимови или пак имаат директна комуникација со клиентите.

Содржина на обуката:

- Како да ја искористиме пандемијата за да ја зголемиме својата емоционална интелигенција?
- Како да ги мотивирате својте вработени во тек на пандемија?
- Како да се справите со својот стрес?
- Како да им помогнете на вработените да се справат со стресот?
- Како правилно да ги водите вработените иако тие се плашат од зараза?
- Како да ја зајакнете тимската работа во тек на пандемија?
- Како да ја зајканте организациската култура во тек на пандемија?
- Дискусија по поставените „онлајн“-прашања.

Предавач:  

- Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија „Смилевски“. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини. 

Тој е основач и претседател на Институтот „СИМБИОТИКА“. Автор е на две книги за лидерство. Како обучувач е сертифициран од Универзитетот за едукација и комуникации – „Jönköping“ од Шведска. Неговите обуки постојано добиваат највисоки оценки. Во 2010 година од Центарот за развој на претприемачи и менаџери – CEED доби награда за најдобра обука во конкуренција на обуки од реномирани обучувачи и експерти од земјава и од странство.

Тој со страст ја обработува темата Деловно преговарање. Свесен дека преговарањето е клучно за успехот на секој бизнис, во обработката на темата ги вградува сите свои вештини и знаења од областа на менаџирањето на конфликти, комуникациски вештини, ораторство, асертивна комуникација, емоционална интелигенција и со тоа прави оригинална обука која ги открива сите психолошки и комуникациски аспекти на преговарачкиот процес. Неговата непосредност и практичност ќе направи учесниците за многу кратко време да го подобрат својот преговарачки учинок. Тие ќе почнат да уживаат во секое преговарање, доживувајќи го како уникатно и оригинално. Ќе научат да го менуваат стилот согласно преговарачот и најважно ќе тежнеат кон победа - победа на пристапот кој креира долгорочни соработки и лојални клиенти.
    
Сите заинтересирани за учество на оваа „онлајн“-обука можат да се пријават најдоцна до 19.6.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015