Семинар 10.09.2020 ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат


   

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на организација и реализација на работењето во писарница. Начинот на управувување, чување, селекција, складирање и поништување на документи.

Програма на семинарот:

- Закон за архивски материјал;
- Помошна евиденција во канцелариското работење;
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
- Прегледување и распоредување на документи и записи;
- Составување комисија за избор и ништење на документи;
- Распоредување документи по интерни доставни книги;
- Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
- Одлагање решени документи во архива;
- Евидентирање на архивскиот материјал;
- Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот материјал во  соодветен простор и стандардна опрема;
- Сопствена евиденција во процес на архивирање;
- Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
- Правилна класификација и рокови на чување на документација;
- Организација и надзор на документиран систем;
- Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење
- Уредба за канцелариско и архивско работење;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
- Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Целна група за семинарот:

-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до  7.09.2020 година.

 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015