Семинар / 17.12.2019 - 18.12.2019

ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ

Стопанска комора на Македонија


   

Дводневна обука на тема:

ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ

17-18.12.2019 година
10:00- 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 кат
  
Стопанската комора на Македонија, на 17-18.12.2019 година, организира дводневна обука на тема: ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ.

Целта на обуката:

Целта на оваа обука е учесниците да се запознаат со можностите и начините за обезбедувањето на финансиска средства од грантови преку:
- Подигање на теоретските и практичните знаења и вештини на персоналот на Вашата организација од областа планирање и пишување на предлог проекти, како и пополнување на деловите на апликација за предлог проект со фокус кон фондовите на ЕУ/ИПА II, како и на други донатори присутни во Р.С. Македонија и Западниот Балкан.

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за оние поединци и организации кои сакаат да имаат развиена апликација за предлог проект и самите да научат како да ја направат. Тоа вклучува менаџери, раководители, тим лидери и вработени, како и за менаџери од сите нивоа (топ, среден и линиски), сопственици на компании и останати вработени кои сакаат да го прошират и усовршат своето знаење по дадената проблематика.

ПРОГРАМА


За време на обуката за Подготовка на проекти за грантови од ЕУ и други донатори, учесниците ќе ги зголемат своите знаења, вештини и практики во следниве области:

1. Запознавање за можностите за поддршка во рамките на ИПА II и други ЕУ инструменти за финансиска поддршка, и на други донаторски агенции;
2. Запознавање со дата бази со линкови до конкурсите за грант поддршка за претпријатија;
3. Дефинирање на тема за сопствен предлог проект;
4. Претставување на методите за анализа на потреби и проблеми во областа во која сака да се развие предлог проект;
5. Претставување на начините на пополнување на основната структура или „скелет“ на предлог проектот (т.н. Матрица на логичка рамка (Logical Framework Matrix);
6. Добиени информации за составот и начините на пополнување на концепт документ;
7. Претставување на пополнета проектна апликација и нејзините прилози;
8. Критериуми за оценка на проектен концепт и целосната апликацијата;
9. Основни познавања и концепти за подготовка на буџет;
10. Административно финансиски правила и процедури за аплицирање и спроведување на проекти од ЕУ и други донаторски програми;


Предавач:

Зоран Стојковски е извршен раководител на  Проефект Иново (www.proefekt.mk), консултантска компанија која нуди решенија за регионални и меѓународни партнери и клиенти за развој на организациска ефикасност и финансиска одржливост.  Тој има над 20 години искуство како обучувач за темата на проектно планирање и менаџмент, со издадени неколку прирачници на оваа тема. Зоран им помогна на многу регионални и меѓународни непрофитни организации, јавни институции и бизниси во обезбедувањето средства, како и во сите фази на имплементација на нивните програми во Македонија и Југоисточна Европа. Тој обезбедува обуки и стручна поддршка за обезбедување грантови и други форми на финансирање од донаторски агенции, како и професионално спроведување на проекти и има добиени проекти во износ на над 20 милони евра во грантови за клиентите и за организациите кои ги раководел. Работел на менаџмент позиции во програмата на УСАИД за граѓанско општетсво (1998-2004), и бил извршен  директор на локална организација за доделување на грант подрдшка (2004-2014) со програми финансирани од ЕУ, СДЦ и УСАИД. Поседува магистерски сертификат од областа на развојните студии на Лондон Метрополитен Универзитетот од Лондон.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Поради ограничениот на број на места,  Ве молиме Вашата пријава да ја доставите најдоцна до 10.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.12.2019
ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Семинар, 12.12.2019
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Презентација, 19.12.2019
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈМОДЕРНИ ИНОВАЦИИ ОД СВЕТОТ НА ЛОГИСТИКАТА И ТРАНСПОРТОТ
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА