Средби, Семинар, Обука, Настан
   
21.10.2019
Семинар
ПРИМАРНА И СУДСКА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО СПОРОВИ ОД РАБОТЕН ОДНОС
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Eднодневен семинар:

ПРИМАРНА И СУДСКА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО СПОРОВИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА И НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА СТОРЕНА ОД РАБОТНИК И РАБОТОДАВАЧ, ОСОБЕНОСТИ НА ОТКАЗОТ КАКО ОСНОВ ЗА ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

21.10.2019 година
09:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 21.10.2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „Примарна и судска заштита на работниците во спорови од работен однос, надомест на материјална и нематеријална штета сторена од работник и работодавач, особености на отказот како основ за прекин на договорот за вработување“ со цел понудување јасен одговор на сите дилеми кои се јавуваат во практичното работење, а кои се поврзани со предметната проблематика. 

На семинарот ќе се направи осврт на модусите на заштита на работниците во споровите од работен однос, и преглед на правата и обврските на работодавачот, како во примарниот степен на заштита, така и пред суд.
Потоа, ќе се разгледаат законските одредби по однос на надоместот на штета сторена од работникот и работодавачот. Особено ќе се образложи во точно кои ситуации законот очекува работодавачот да ја надомести настанатата штета, а во насока на негова подготвеност и превенција.

Конечно, ќе се дискутира по однос на особеностите на отказот како основ за прекин на договорот на вработување, при што посебно ќе се посочат разликите во постапката при отказ на договор за вработување на работник и работничка за време на бременост, раѓање и родителство.
 
ПРОГРАМА:

- Заштита на работниците во спорови од работен однос;
- Примарна заштита;
- Заштита пред суд;
- Надомест на материјална и нематеријална штета;
- Разлики помеѓу надомест на штета сторена од страна на работникот со штета сторена од страна на работодавачот;
- Разлики во постапката при отказ на договор за вработување на работник и работничка за време на бременост, раѓање и родителство (чл.101 од ЗРО).

Предавачи:

- м-р Бојана Велковска, претседател на Одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II - Скопје и

- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 17.10.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје