Нови прописи
   
НОВ ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИ И ЗАШТИТЕНИ ДИВИ ВИДОВИ РАСТЕНИЈА, ГАБИ, ЖИВОТНИ И НИВНИ ДЕЛОВИ, ОБЈАВЕН ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 209 ОД 10 ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА
15.10.2019

Врз основа на член 23 став (8) од Законот за заштита на природата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18) министерот за животна средина и просторно планирање, донесе

- Правилник за формата и содржината на барањето, како и формата и содржината и начинот и постапката на издавање на дозволата за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето, како и формата и содржината и начинот и постапката на издавање на дозволата за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивните делови.

Со денот на влегувањето на сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за издавање дозвола за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивните делови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 102/09).

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје