Нови прописи
   
НОВА УРЕДБА ЗА ВИДОТ НА АКТИВНОСТИ, МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС ПО АКТИВНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ, СУБЈЕКТИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПОСТАПКАТА, ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ,
15.10.2019

Врз основа на член 101 став (5) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- Уредба за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој

Со оваа уредба се уредуваат максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, за следните активности:

- организирање и спроведување на програми за обука;

- организирање и спроведување на манифестации и саеми во Република Северна Македонија;

- учество на саемски манифестации и саеми вон Република Северна Македонија;

- помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи;

- изработка и публикување на едукативни, информативни, научни, пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија;

- спроведување на истражувања, изработка на анализи, предлог-проекти, студии и стратешки документи од областа на земјоделството и руралниот развој;

- инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери;

- воспоставување и спроведување на иновативни практики;

- други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот на доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/13, 81/13, 181/13, 1/14, 23/14, 136/14, 157/14, 139/15, 215/15, 133/16, 76/18, 100/18, 127/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 127/19).

Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје