25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

07.02.2019 (Семинар)
ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ

07.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

19.02.2019 - 20.02.2019


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)


 

 Дводневна обука на тема:

Стратегиско планирање  со примена на SWOT матрица и Карта на врамнотежени резултати (КВР)

19 – 20.02.2019 година (вторник и среда)
9:00 -14:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала1 на 5-ти кат


Стратегиското планирање е иницијална фаза во стратегискиот менаџмент, а претставува процес на дефинирање на приоритетните области, цели и активности што организацијата ќе ги реализира во иднина. Иако не може да се даде приоритет на било која од фазите на стратегискиот менаџмент, сепак квалитетниот стратегиски план е повеќе од половина завршена работа.
Основна цел на обуката е да им помогне на организациите во процесот на стратегиско планирање и изработка на квалитетни стратегиски планови како солидна основа за нивниот развој, а со тоа и исполнување на мисијата за постоење на организацијата. Познавањето на основите за методологијата, формата и содржината на стратегискиот план ќе овозможи ефикасно остварување на целите и активностите предвидени во нив, како и соодветно управување со човечките и финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите.
Започнувајќи од најчесто поставуваното прашање, кој треба да го направи стратегискиот план, потоа преку прашањето кои алатки најчесто се користат во процесот на стратегиско планирање и насоки за нивна примена, потоа со употреба на Картата на врамнотежени резултати (КВР) и насоките за дефинирање на организациска визија и мисија ќе се добие комплетна слика за вкупниот процес на стратегиското планирање. Тоа е креативен пристап кој во фокусот ја има иднината на сегашните одлуки, преку прилагодување на потенцијалот на организацијата.


Целна група:

Обуката е наменета за претставници од топ менаџментот, менаџери на оперативно и надзорничко ниво или на сите оние кои се вклучени во процесот на стратегиско планирање во организациите (јавни и приватни), професионалци од областа на стратегискиот менаџмент и др.

ПРОГРАМА:
Подготовка за стратегиско планирање
• Формирање на тим за стратегиско планирање, тимска работа – клуч за успех во процесот на планирање;
SWOT матрицата како алатка за анализа на внатрешното и надворешното опкружување
• Анализа на внатрешниот контекст на организацијата;
• Анализа на надворешното опкружување;
• Претставување на SWOT матрицата и нејзините карактеристики;
• Пополнување на SWOT матрица;
• Кластерирање на слични искази во SWOT матрица;
• Формулирање на стратегија со помош на SWOT матрица;

Приоритетни области на делување во организацијата

• Четири перспективи на Картата на врамнотежени резултати (КВР);
• Распределување на организациските напори според КВР;
• Подредување на кластерираните полиња во четирите перспективи на КВР, според нивната приоритетност;

Дефинирање на визија и мисија на организацијата

• Крива на животен циклус на организациите;
• Пранамера или темелна идеологија;
• Предвидлива иднина;
• Организациска мисија;
• Стратегиски цели, активности и индикатори за успех;

Структура на стратегиски план

• Основни и дополнителни елементи на структурата на стратегискиот план;

Евалвација на обуката - усна и писмена.


Предавач:
- проф. д-р Лидија Стефановска е професор во наставната област Стратегиски менаџмент и заменик директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент.
Ангажирана е како самостоен консултант во ДЕТРА Центар каде се стекнува и со експертиза за примена на СКИТОП методологијата, посебно во делот на организациска дијагноза и стратегиско планирање.
Неколку години работи на проектот од УСАИД што се однесува на подобрување на работењето на организациите, а активно учествува и во изработката на стратегиските планови на голем број организации од јавен и приватен сектор.
Веќе пет години е претседател на Организациски и член на Програмски одбор на меѓународната научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“, а член на програмски одбор е и на многу други научни конференции во странство.
Член е на Управен одбор на Македонското научно друштво Битола.
Научниот фокус и е насочен кон Стратегискиот менаџмент и Стратегиското водство, а научните резултати ги објавува во значајни домашни и странски списанија.  Шест години ја извршувала функцијата директор на БАС Институтот за менаџмент Битола, каде учествувала во реализацијата на два големи научно – истражувачки проекти.


За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 13.2.2019 година


 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права