25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Бизнис-настани

16.10.2018 - 19.10.2018


Форум Талин,  Естонија

Бизнис форум на земјите од Западен Балкан - 18 октомври 2018 година, Талин, Р. Естонија


 

Бизнис форум на земјите од Западен Балкан

18 октомври 2018 година
Талин, Република Естонија

     Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, организира посета на Талин, Република Естонија. Посетата ќе се реализира во периодот од 16 до 19 октомври 2018 година, во  рамките на заедничкиот Проект на Владата на Република Естонија и
Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, под наслов: „Развивање економски и деловни односи со далечни земји во развој“. 

     Основна цел на Проектот е поддршка на развојот и споделување на искуствата со деловните заедници на одредени земји во развој.  Проектот е финансиран од страна на Министерството за надворешни работи и фондовите за развој и хуманитарна помош и затоа истиот се спроведува во тесна соработка со Министерството за надворешни работи на Естонија.

  Проектот се остои од три главни компоненти:
1. прием на странски делегации од земјите во развој;
2. посета на земји во развој и
3. организирање бизнис форуми и билатерлани средби со цел размена на искуства и презентација на можностите за инвестирање и соработка со компании од одредени сектори и области во развој.

     За времетраење на престојот во Естонија, македонските компании ќе имаат можност да ја посетат Стопанската комора на Естонија, да слушнат позитивни искуства од досегашната соработка на естонски компании со земјите во развој, како и да посетат релевантни институции од областа на економијата и бизнисот. Главен акцент ќе биде ставен на Бизнис форумот на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на 18 октомври 2018 година. На настанот компаниите ќе имаат можност да остварат билатерални средби и да стапат во контакт со естонски компании со цел да воспостават понатамошна соработка.

     За компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија организаторот обезбедува:
• бесплатно хотелско сместување;
• локален трансфер;
• бесплатно учество на Бизнис форумот на земјите од Западен Балкан;
• деловни средби;
• посета на повеќе бизнис-локации во Талин  и сл.

Патните торшоци се на товар на учесниците.

     Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават, со пополнување на пријавниот лист, најдоцна до 10 октомври 2018 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери.


Контакт:
 -м-р Сања Николова,
телефон:+ 389 32 44 091; е-адреса: sanja@mchamber.mk

Во прилог:
- Програма за посета;
- Агенда за Бизнис форумот на земјите од Западен Балкан;
- Пријавен лист.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права