24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.07.2017


Актуелно  

ВО ТРСТ СЕ КРЕИРААТ МЕРКИТЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ ЦВРСТА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА


Во рамки на 4-тиот Самит на Западен Балкан во Трст, владините претставници од ЕУ и Западен Балкан ги дефинираат стратегиите и програмите во насока на забрзување на растот и интеграцијата во регионот, а во кои мерки е предвидено и активно учество на бизнис заедницата во регионот.

Повеќегодишен акционен план за регионална економска област на Западен Балкан ќе биде развиен за подготовка на "предлог за заеднички пристап за унапредување на економската соработка во Западен Балкан" во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст. Во овој план е предложена структурирана агенда за регионална економска интеграција, како: промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање на агенда за дигитална интеграција, односно идната економска регионална соработка ќе се потпира на четири столба: трговија, инвестиции, мобилност и дигитална агенда.

 

Очекувањата се дека со овие активности ќе се овозможи непречен проток на стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила, со што регионот ќе стане поатрактивен за инвестиции и трговија, ќе се услови процесот на забрзување на патот кон ЕУ и просперитет на сите граѓани, создавајќи еднакви услови за сите во регионот. На економско ниво, приоритет се дава на транспортната и енергетската инфраструктура, развој на малите и средни претпријатија и поттикнување на инвестициите.

На отворањето на самиот, обраќање имаше и проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, кој посочи дека Македонија дава поддршка на создавањето на регионална економска област, но и дека треба да се работи на раст на инвестициите преку поголема соработка со домашни компании и спроведување на приоритетни инфраструктурни проекти. 

На Самитот во Трст, делегацијата од Стопанската комора на Македонија е предводена од претседавачот на Собранието на комората, Антони Пешев и претседателите на Македонската транспортна асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, Иван Петровски и Благој Христов.

На панелот дискусии предвидени во рамки на отворањето на Канцеларијата на Секретаријатот на Коморскиот инвестициски форум, ќе говори и господин  Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во име на организацијата “Самит 100”, кој ќе се осврне на важноста на регионалното поврзување и заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот.

Стопанските комори од регионот се вклучени од почетокот на овој процес, односно со имплементацијата на заклучоците од Берлинскиот процес, во 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит каде претседателите на коморите од Западен Балкан, потпишаа Спогодба за формирање Коморски инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ), со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. Покрај Стопанската комора на Македонија, основачи на овој форум се и коморите на Албанија, БиХ, Србија, Косово, ЦрнаГора, Хрватска и Словенија. На Самитот, заедничките активности на коморите ќе се заокружат со отворање на канцеларија на постојан Секретаријат на КИФ во Трст, кој ќе биде главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан. Овие проекти е планирано да условат подигнување на нивото на инвестиции, конкурентност, слободно движење на работната сила, а за нивна реализација се очекува и на поддршка од Регионалниот совет за соработка и Европската Комисија.

За време оддржување на Самитот во Трст, посебен акцент е биде ставен на  ефикасно реализирање на Бизнис форумот, на кој присуствуваат над 100 компании од Западен Балкан, од кои 10-тина се од Македонија, организирани преку Италијанскиот институт за надворешна трговија - ИЧЕ.

Билјана Пеева-Ѓуриќ











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права