24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема:Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

27.04.2017 - 27.04.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ


Еднодневен семинар на тема:

ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

-  Пресметка на дневници и издатоци за службено патување во странство низ призма на Законска регулатива и веродостојна документација -

27 април  2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Цел на обуката
      Целта на обуката е стекнување со теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба).  Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а  ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции.
      На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патување како во земјата така и во странство и управување со која законски пропишана документација се врши исплата / уплата на готовински пари сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.
      Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.
Што представува законски пропишана (веродостојна) документација и докажување на трошоците (материјални) дека се во функција за вршење на дејноста.
Интерен акт „Правилник за благајничко работење“.

Клучни карактеристики на обуката:
 - Пресметка на дневници за службен пат во земјата;
 - Пресметка на дневници за службен пат во странство;
 - Исплата на издатоци за службено патување и импликации на истите врз пресметката на дневницата;
 - Пропишани лимити за исплата на дневници, што во случај на исплати над истите;
 - Користење сопствено возило за службени цели и алтернативни решенија;
 - Законски исправно поплнување на патен налог и прилог на сметки за издатоци (трошоци) при службеното патување;
 - Благајна за материјални трошоци, Благајнички извештај, КП, КИ, Сметко - потврди со прилог фискални сметки, правилно пополнети   како доказ дека истите се во функција на вршење надејноста низ призма на даночна регулатива;
 - Девизна благајна;
 - Благајна за дневен промет;
 - Правилник.

Целна група:
Вработени во финансиски сектор, сметководство, благајници.

Содржина на обуката:
- Благајничко работење
• Движење на готови пари, основ за подигнување од трансакциска сметка, плаќање на материјални и патни трошоци;
• Сигнификантноста на Одлуката за благајнички максимум и утврдување на лимит, салдо во благајна заклучно со 31.12.хх;
• Задолжителна евиденција на настаните во денарска благајна за материјални и патни трошоци:
  -  прием на готовински пари во благајна - каса прими;
  -  исплата на готовински  пари од благајна - каса исплати;
  - Законски пропишана документација врз основа на која се врши исплата на материјални и патни трошоци;
• Малопродажба:
  -  водење на книга за евиденција за промет на мало;
  -  дневен пазар согласно дневниот извештај од фискална каса;
  -  резервен фискален апарат;
  -  докуметација врз основа на која се прави прием на готовински пари од дневен промет;
  - уплата на дневен пазар односно во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на  трансакциска сметка во     деловните банки;
• Девизна благајна:
  - откуп и подигање на девизни средства за патни трошоци;
  - трошоци во девизи и методологија за евидентирање во денари;
  - прием и исплата на готови девизи;
  - салдо во девизна благајна заклучно со 31.12.хх.
- Задолжителна деловна книга – Благајнички извештај
• Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;
• Практични примери ( законски пропишана документација) согласно Законската и даночната регулатива за докажување на материјалните   трошоци дека се во функција на вршење на дејноста;
• Благајнички извештај за дневен промет - малопродажба;
• Девизен благајнички извештај – двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.

- Надоместок на дневници согласно Закон за работни односи, Колективни договори и Уредбата за службено патување и селидби во странство
• Уредба за службено патување и селидби во странство;
• Решение и налог за службено патување;
• Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт;
• Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за  службени патувања во странство согласно законска регулатива;
• Влијанието на издатоците за сместување и исхрана на дневниците за службени патувања;
• Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт;
• Утврдување на бројот и висината на дневниците;
• Пресметка на трошоците искажани во странска валута;      
• Дневници за службени патувањаво земјата:
  - Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во земјата;
  - Пресметка на дневници (практични примери);
  - Приложување на задолжителна документација како доказ дека службеното; патување е во функција на дејноста;
  - Патен налог, извештај;
  - Законска регулатива.
• Право на дневници за службени патувања во странство:
  - Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во странство;
  - Пресметка на дневници (практични примери)
  - Приложување на задолжителна документација како доказ дека службеното патување е во функција на дејноста
  - Патен налог, извештај
  - Законска регулатива.

- Благајна за патни трошоци низ призма на даночна регулатива на РМ;
- Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања    во земјата и во странство;
- Правилник за благајничко работење Интерен акт.

Предавачи:
- м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 18-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, деловното планирање и хармонизација на финансиското известување во Р.М.
- м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје, со 16-годишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 21 април  2017 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбеден:
- Прирачник;
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права