26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

04.05.2017 - 04.05.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал


Еднодневен семинар на тема:

„Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на
Законот за архивски материјал
 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 41/14, 72/15, 148/15, 169/15 и 172/15) преку практични примери за затварање на деловодник, отварање нови броеви во деловодник, поврзување на броеви од минатата година со нови броеви во тековната година, како и појаснување на начинот на започнување на водење на деловодник и останати поврзани деловодни книги“
4.5.2017 година (четврток)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат  на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во Деловодникот како и распределувањето на документите по вработени во институциите. 
Цел на семинарот:
Да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги. 

За кого е наменета обуката?
Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот.
ПРОГРАМА
• Закон за архивски материјал;
• Приватен  архивски  и  документарен материјал;
• Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење;
• Уредба за канцелариско и архивско работење;
• Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
• Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење;
• Канцелариско работење;
• Движење на документите;
• Архивско работење;
• Распределување на документите по вработен;
• Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории;
• Водење на попис на документи, начин на водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги (книга за место, книга за пошта)

Предавач:

Валентина Тодоровска, магистер по економски науки и управител на „Акаунтинг Солушнс“ ДООЕЛ – Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење, како консултант, обучувач и специјалист во областа на финансиски менаџмент.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 освежување за време на паузите;
 сертификат за присуство на семинарот. 

Рок за пријавување: 25.4.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права