24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

17.05.2017 - 18.05.2017


Бизнис средби Виена,  Австрија

Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“


Конференција и меѓународни деловни средби
„THE FUTURE OF BUILDING“ 
(ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)
www.b2match.eu/building2017

17-18 мај 2017 година, Виена, Австрија

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската Федерална комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „THE FUTURE OF BUILDING“ – (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР), на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија.

На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на најновите случувања во градежниот сектор и инфраструктурата: за иновативни решенија за објекти од високоградба и за одржливи и високо-квалитетни објекти во Австрија споделувајки го искуство на најновите технологии, на нови проектни идеи со цел да се најдат партнери за соработка за нови бизнис можности во следните сектори:

• инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги;
• градежништво -договори за подизведувачка работа;
• градежни материјали - видови;
• обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди;
• бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор, носители на јавни одлуки.

Овој настан е организиран од страна на Advantage Austria во соработка со Европската мрежа на претприемачи на Австрија и Австриската агенција за истражување и промоција (FFG). Исто така настанот е подржан и од страна на Министерството за наука на Австрија, Министерството за истражување и економија на Австрија и од страна на Австриската Федерална Стопанска комора.

Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: www.b2match.eu/building2017, најдоцна до 28.04.2017.
Превозот и сместувањето за останатите учесници се на товар на компаниите и на учесниците.

Конференцијата и деловните средби ќе се одржат на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија.

Во случај на откажување од страна на регистрираните учесници по истекувањето на предвидениот рок заклучно со 15.05.2017 година, Австриската Федерална Стопанска комора информира дека воведува наплата од 125 евра + ДДВ.

Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан.


Контакт лица:

Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244 009
E-адреса: irena@mchamber.mk


Herwig Wutscher, ЕЕН Австрија
Austrian Federal Economic Chamber - Enterprise Europe Network
 www.wko.at
 +43 5 90 900 3662
 herwig.wutscher@wko.at

Iris Marlovits, ЕЕН Австрија
Austrian Federal Economic Chamber - Enterprise Europe Network  Responsibility: Brokerage Event
 https://www.wko.at
 +43 (0) 5 90 900-4320
 iris.marlovits@wko.at


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права