Бизнис-настани

28.09.2018 - 28.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО


Еднодневен семинар на тема:

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.9.2018 година
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 28.9.2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за договорен залог кои го регулираат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека), и Законот за облигациони односи, кои предвидуваат воспоставување на заложно право, како и судски спорови кои произлегуваат од реализацијата на заложното право.

        На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки.
 
ПРОГРАМА

I. Воспоставување на заложно право според одредбите од Законот за договорен залог:
  - видови заложно право;
  - услови за воспоставување на заложното право. 

II. Одредби од Законот за облигациони односи и Законот за договорен залог кои најчесто се применуваат во судските постаки кои произлегуваат од реализацијата на заложното право:
  - дилеми и спорни правни прашања;
  - примери од судската практика.

          Овој семинар е наменет за вработените во правните служби на правните лица, адвокатите и за законските застапници, нотарите и извршителите.

ПРЕДАВАЧ:

 - Љубица Колиќ
, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 25.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права