26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

18.05.2017


Актуелно  

Во Стопанската комора на Македонија, пред слушателите на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители ПРЕЗЕНТИРАНА УЛОГАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ И УЛОГАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО УТВРДУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА РАБОТНОТО ЗАКОНОДАВСТВО


Во организација на Стопанската комора на Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ - Скопје, на 18.5.2017 година, се одржа обука за улогата на Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) во преговорите и склучувањето на колективните договори и улогата и значењето на Стопанската комора на Македонија во утврдувањето и развојот на работното законодавство.

Пред присутните слушатели на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, го истакна значењето на колективните договори во законодавството на РМ како стожер на социјалниот дијалог помеѓу работодавачите и Синдикатот. Економско-социјалниот дијалог е исто така значаен механизам во постигнувањето на консензус помеѓу засегнатите страни - Владата, синдикатите и здруженијата на работодавачите, во креирањето на политиките од економско-социјалната сфера, - истакна Димитров.

Посебен осврт беше даден на законските услови и критериумите потребни за добивање на статусот на репрезентативност на ОРМ за застапување на интересите на работодавачите во преговорите за склучување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, како и на потребните услови за репрезентативност на Организацијата на работодавачите за склучување на гранските колективни договори.

При тоа, Ангел Димитров истакна дека Општиот колективен договор е задолжителен и се применува за сите работодавачи, додека гранските колективни договори за работодавачите кои пристапиле во членство на Организацијата на работодавачи која го склучила гранскиот колективен договор.

Ангел Димитров осврнувајќи се на предметот на регулирањето на односите помеѓу трудот и капиталот во колективните договори, преку примери од праксата, ја објасни потребата за дорегулирање на прашањата од работното законодавство со колективните договори.

Улогата и значењето на Стопанската комора на Македонија во застапување на интересите на членките, се врши низ процес на артикулирање на интересите и формите на мислење на секој член врз принципите на отвореност, јавност и непосредно договарање и информирање, - истакна Љупка И. Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Интересите на членовите на Комората се презентираат преку изградени и усогласени ставови во органите и телата на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдувањето на макроекономската и развојната политика, како и давање иницијативи за подготовки на законски и други прописи од областа на стопанството, што е всушност една од приоритетните задачи на Комората. Во рамките на овие процеси, и како партнер на Организацијата на работодавачите на Македонија, Комората ги испорачува барањата и потребите на своите членови во утврдувањето и развојот на работното законодавство.

Љупка И. Самарџиска
Сашо Деспотоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права