04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

02.03.2017 - 03.03.2017


Саем Нови Сад,  Србија

6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, 2 - 3.03.2017-Нови Сад, Р. Србија


       6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите

2 - 3 март  2017 година
Нови Сад, Република Србија

     Стопанската комора на Македонија, во соработка со Новосадскиот саем, ве покануваат да бидете дел од 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, собир на енергетсккиот сектор и инвестициите, што ќе се одржи во периодот од 2 - 3 март 2017 година во Нови Сад, Република Србија.

     Настанот 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите има за цел да ги поттикне бизнис контактите и соработката помеѓу сите релевантни чинители во областа на енергетиката, градежништвото, заштитата на животната средина и локалниот развој во Србија и во регионот, како и да се стимулира поголема инвестиција во овие области. Настанот ќе се одржи во пресрет на 5 Март - Денот на енергетската ефикасност. Целта е да се обезбедат презентации на проекти и изнаоѓање соодветни финансиски и технички партнери за нивно спроведување

     Во фокусот на Меѓународниот ден на енергијата и инвестициите ќе  бидат темите во областа на енергетиката, финансирањето и изградбата, како и специјални градежни обврзници и енергија преку енергетската ефикасност во зградите. Исто така, посебен акцент ќе биде ставен на најактуелната тема денес - борбата против климатските промени. Настанот на сите учесници им нуди единствена можност за дводневна презентација на своите компании, технологии и проекти пред компании инволвирани во енергетскиот сектор, како што се претставници од локалната самоуправа, агенции, здруженија, како и воспоставување  директна цврста врска со посетителите и учесниците на настанот.

     Оваа година настанот ќе се состои од два дела:

1) изложбен дел – кадешто компаниите ќе можат да ги презентираат и промовираат своите продукти  и најнови технологии и

2) конгресен дел - програма од повеќе од 20 конференции, тркалезни маси, симпозиуми, работилници, билатерални средби водени од повеќе од 2.000 експерти - претставници на влади, локалните власти, релевантни меѓународни и национални финансиски и развојни институции и организации, бизниси, медиумите во областа на енергетиката и градежништвото и други гости, со цел да ги охрабрат инвестициите во енергетиката и градежништвото, индустриските паркови, изградба на пречистителни станици за отпадни води, да се стимулира поголема употреба на обновливи извори на енергија, ЕСКО договори и јавно-приватни партнерства, имплементација на мерки за енергетска ефикасност, како и зголемување на свеста за климатските промени во Србија и во регионот.


     Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на настанот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 16.02.2017 година (четврток).

     За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091,
 е-адреса: sanja@mchamber.mk  


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права