Средби, Семинар, Обука, Настан
   
17.10.2019
Конференција
ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА:

ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ
17 октомври 2019 година (четврток)
13:00-14:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Почитувани,

Стопанската комора на Македонија во соработка со „Сава Осигурување“ АД -  Скопје, организира Конференција на тема: „ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ“, што ќе се одржи на 17 октомври 2019 година (четврток) во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Целта на Конференцијата е подигнување на јавната свест за значењето на  осигурувањето на побарувањата, пред сѐ за тоа што претставува заштита од ненаплатени побарувања. Оттука, произлегува дека секое ненавремено наплатено побарување може да предизвика неликвидност, проблеми со планираните парични текови, пролонгирање во остварувањето на зацртаните планови, како и финансиски импликации од можни кредитни линии за привремен излез од таа состојба. Осигурувањето на побарувања има позитивно влијание и врз продажните резултати бидејќи овозможува излез на нови пазари, како и обезбедување нови купувачи на постојните пазари.
На Конференцијата ќе бидат презентирани актуелните случувања од областа на осигурувањето, односно како функционира истото во земјата, регионот и во други европски земји низ примери од пракса.

Конференцијата пред се` е наменета за компании коишто:

- им овозможуваат на своите купувачи подолги рокови на плаќање и со
тоа им се потребни повеќе обртни средства кои полесно ќе ги добијат
од банките;
- сакаат да ги подобрат условите за кредитирање;
- моментално работат со купувачите со акредитиви и/или банкарски
гаранции и сакаат да им понудат работење со одложено плаќање;
- работењето им е поврзано со само неколку поголеми купувачи;
- имаат ограничени интерни можности за наплата;
- работат во сектор со ниска профитна маржа која не дозволува
загуби поради слаба наплата на побарувања;
- се во процес на развивање на нов производ или ја прошируваат
продажбата на нови непознати пазари.
 
НАПОМЕНА: Учеството на Конференцијата е без надомест.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 14 октомври 2019 година (понеделник).


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје