29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

22.03.2017 - 22.03.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОБВРСКИ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ПРИ ВРШЕЊЕТО НА ГЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И ИЗВЕДУВАЊЕТО НА РУДАРСКИТЕ РАБОТИ


Еднодневен семинар:

ОБВРСКИ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ПРИ ВРШЕЊЕТО НА ГЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И ИЗВЕДУВАЊЕТО НА РУДАРСКИТЕ РАБОТИ  ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И НАДЗОР ПРИ ИСТРАЖУВАЊЕТО И ЕКСПЛОАТАЦИЈАTA НА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ

22.3.2017 година
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

          Со цел запознавање на компаниите (концесионери) со обврските при вршењето на геолошките истражувања и изведување на рударсктие работи за експлоатација на минерални суровини и надзор при истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини, Стопанската комора на Македонија, на 15 март 2017 година, организира еднодневен семинар за оваа тема.

          Семинарот ќе им помогне на имателите на концесија како правилно да постапуваат согласно обврските кои произлегуваат од Законот за минерални суровини.

           Целна група се вработени во друштва кои се учесници во постапка за добивање концесија за детални геолошки истражувања/експлоатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини.

         Покрај излагањето на предавачите, семинарот предвидува активно учество со поставување прашања и споделување искуства од страна на учесниците.

ПРОГРАМА:

I. ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
   - Општи одредби и дефиниции и
   - Видови на концесии и начин и постапка за доделување концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини.

II. ОБВРСКИ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ПРИ ВРШЕЊЕТО НА ПРОСПЕКЦИСКИТЕ И ДЕТАЛНИТЕ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
   - Обврски на имателот на концесијата за проспекциски геолошки истражувања;
   - Едностран раскин на договорот за концесија за проспекциски геолошки истражувања;
   - Сопственост на резултати од проспекциски геолошки истражувања;
   - Обврски на имателот на концесијата за вршење на детални геолошки  истражувања;
   - Обврски на имателот на концесијата за вршење детални геолошки истражувања при проширување на концесијата;
   - Едностран раскин на договорот за концесија за вршење детални геолошки истражувања;
   - Престанок на важење на концесијата за вршење детални геолошки истражувања;
   - Сопственост на резултати од детални геолошки истражувања;
   - Обврски на имателот на дозволата за вршење детални геолошки истражувања;
   - Одземање дозвола за вршење детални геолошки истражувања;
   - Проширување на концесија за вршење детални геолошки истражувања и
   - Постапка за намалување на концесија за експлоатација.

III. ОБВРСКИ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕТО НА РУДАРСКИТЕ РАБОТИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
   - Обврски на имателот на концесијата за експлоатација на минерални суровини;
   - Обврски на имателот на дозволата за експлоатација;
   - Геодетско снимање и рударски мерења;
   - Престанок на важење на концесијата за експлоатација;
   - Еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација;
   - Одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација и
   - Престанок на важење на дозволата за експлоатација.

IV. НАДЗОР
   - Надзор над спроведувањето на Законот за минерални суровини;
   - Техничко водење и надзор на изведувањето на рударски работи и
   - Инспекциски надзор.

V. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Предавачи:
- д-р Eјуп Љатифи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за економија;
- м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството за економија.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  ручeк и освежување;
-  сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 17 март 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права