19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

31.01.2019 - 31.01.2019


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат,  

ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)


          Во услови на сè понагласена животна и деловна динамика и недостаток на време за реализација на сите зацртани цели или желби и потреби, ефикасноста на оние субјекти чиј доминантен продажен модел е со користење телефон, секако добива значење.
          Под временскиот притисок, на клиентите им е полесно да го одбијат или да го прекинат телефонскиот повик, оставајќи го телефонскиот комерцијалист со ограничена можност да воспостави кредибилитет и да успее да го информира нестрпливиот клиент за користа со која може да се стекне.
Телефонската продажба има свои одлики кои ја прават различна и специфична во однос на класичната продажба. Секој оној кој (ќе) се занимава со оваа професија има потреба во детали да се запознае со тие специфики и да завладее со критично ниво на техники со кои ќе го подигне својот учинок.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 31 јануари 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES).

ПРОГРАМА


I. Вовед – Комуникација – основа на продажниот циклус:

   o Комуникациски циклус;
   o Кога недостига feedback…;
   o Видови комуникација;
   o Недостатоци на телефонската продажба;
   o Телефонската продажба како модел;
   o Активно слушање при телефонски контакт/продажба;
   o Емоциите при телефонски контакт/продажба.

II. Карактеристики и фази на продажен процес
    o Подготовка – планирање:
      - Совети за ефективно планирање;
    o Отворање – Креирање однос:
      - Остварување рапорт;
    o Prospecting / Cold Calling:
      - Вистинската цел на cold-calling-от
      - Надминување на фрустрацијата од одбивањето;
      - Кој ден од неделата е најпродуктивен за cold calling/telesales?
      - Кое време од денот е најпродуктивно за cold calling/telesales?
      - Техники за надминување на бариери, отпори и одбивања;
      - 10 најтипични грешки во Cold Calling процесот.
    o Анализа на потребите + Претставување на компанијата (причините за       моето обраќање) + Презентација (Креирање интерес) = Квалификување на       клиентот:
      - Откривање на клиентските:
        • Потреби;
        • Мотиви;
        • Приоритети;
      - Прашални техники:
        • Типови на прашања и нивна намена;
    o Справување со отпори, бариери, пречки, изговори:
      - Објективна или субјективна бариера?
      - Надминување на:
        • „Не сум заинтересиран“;
        • „Зафатен сум“;
        • „Веќе користам“;
        • „Сакам да размислам“;
        • „Ќе ви се јавам и ќе ве информирам (за одлуката)“;
        • „Скапо е...“;
        • „Не сега“;
        • „Треба да се консултирам со...“;
        • „Конкуренцијата нуди подобри услови“;
        • „...“.
    o Сигнали за подготвеност за купување:
      - Вербални сигнали за подготвеност за купување;
    o Затворање на продажбата:
      - Процес на на продажбата преку телефон до затворање;
      - Техники за затворање на продажбата преку телефон.


Предавач:

Митко Керамитчиев е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција.
Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови, бил во прилика да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и на регионалниот пазар.
„Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „Hipp“, „Nestle“, „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или со кои тесно соработувал.
          Како тренер, со повеќе од  630 семинари, работилници, предавања, презентации и консултантски сесии одржани во Македонија и во регионот, Керамитчиев соработувал со бројни компании од речиси сите деловни сектори: банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репроматеријали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство...
          Неговата консултантска и тренерска пракса и покрај и  формалното образование (МВА), доминантно ја црпи и базира на сопствено искуство и принципите за кои зборува ги поткрепува со сопствени примери. Самиот е учесник на бројни семинари во земјата и во странство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 28.01.2019 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права