ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
04.06.2019 👁 Прочитано: 1461

Четири столба за имплементација на агендата на КИФ - Методологија за работа на КИФ (I)


Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија
Со цел забрзување на процесите и интензивирање на имплементацијата на точките зацртани во агендата за работа на КИФ, а во пресрет на потребните измени коишто беа неопходни да се спроведат во структурата на КИФ, на иницијатива на потпретседателот на КИФ, г-дин Бранко Азески, на состанок на Управниот одбор на почетокот на оваа година, едногласно се донесе одлука за спроведување на оперативен план со конкретни мерки, изразени во четири столба со заеднички активности на шесте комори од земјите на Западен Балкан.

Првиот од овие четири столба ги опфаќа следните мерки:

I. Формирање на тимови за реализација на активностите и координација на работата на експертите во рамки на Коморите од КИФ.

Со цел операционализација на активностите на КИФ, и поефикасно спроведување на истите во изминатиот период во рамки на КИФ се формираше и оперативен тим составен од претставници од Коморите- по едно задолжено лице / национален координатор- експерт за координација на сите активности на КИФ - и лица директно вработени во Секретаријатот на КИФ во Трст. Овие лица се експерти во дадени области, одговорни за реализација на одредени активности поврзани со КИФ, согласно нивната експертиза. Оперативниот тим е под раководство на канцеларијата во Подгорица, којашто воедно е и седиште на Управниот одбор на КИФ, а сите активности се директно координирани од потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум, г-дин Бранко Азески.

Вака поставениот оперативен тим е задолжен за : координирање на оперативното работење на Управниот одбор, закажување седници, подготовка на материјали, планирање на активностите и информирање на членовите на УО за реализираните активности, комуникација со надлежни институции, подготовка на материјали за реализација на одредени активности согласно нивната експертиза и др.

Покрај оперативниот тим, во функција е ставен и тим составен од експерти за имплементација на проектните активности. За секој одделен проект што се имплементира во рамките на КИФ, именувани се посебни лица од редот на вработените во Коморите коишто раководат со проектот во координација со Секретаријатот на КИФ во Трст. На овој начин координацијата и имплементацијата на секој проект засебно се одвива поефикасно и поефективно. Тимот за проектни активности е координиран од страна на претседателката на Унијата на комори за трговија и индустрии на Албанија Инес Мукостепа во директна соработка со Секретаријатот на КИФ со седиште во Трст.

Со цел креирање заеднички производи и услуги за компаниите од земјите на Западен Балкан за олеснување на нивната работа и спроведување поефикасно поврзување на бизнисите од регионот за заеднички настап на трети пазари, воспоставен е и посебен тим за креирање и спроведување на производи и услуги. Тимот е координиран од страна на претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, г-дин Властимир Голубовиќ и претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, г-дин Ахмет Егрлиќ., во соработка со националниот координатор од комората на Босна и Херцеговина.

Во рамки на КИФ активно функционира и лоби тимот, а истиот е координиран од страна на претседателот на Коморскиот инвестициски форум којшто воедно е и претседател на Стопанската комора на Србија, г-дин Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Косово и активен член на управниот одбор на КИФ, г-дин Берат Рукичи во соработка со генералниот секретар на КИФ, г-дин Сафет Герџалиу. Лоби тимот има за цел да воспостави соработка со државните институции во земјите од Западен Балкан и да иницира активно спроведување на активностите зацртани во агендата на Коморскиот инвестициски форум.

Продолжува...

Четири столба за имплементација на агендата на КИФ - Методологија за работа на КИФ (I)
Четири столба за имплементација на агендата на КИФ - Методологија за работа на КИФ (I)
Четири столба за имплементација на агендата на КИФ - Методологија за работа на КИФ (I)